Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев кој се кандидира за претседател

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, вчера на прес-конференција обелодени прв дека се кандидира за претседател на државата, бидејќи како што вели, не може да ги гледа црнилата во Македонија.

На неговиот анкетен лист доставен до Државната Комисија за спречување корупција, пријавил куќа во Бардовци од 125 метри квадратни проценета на 8,4 милиони денари. Пријавил и стан во Скопје од 105 метри квадратни, проценет на 6,8 милиони денари. Пријавил и заеднички имот во Сопиште, а на листата е и автомобил Фиат гранде и заеднички автомобил Волцваген Шаран. Пријавил и неколку картички на свое име, име на сопругата и децата, пренесе ЕМагазин.

ОВДЕ неговиот анкетен лист.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега