Иако меѓу двата круга своето конто гласови го зголеми за речи си 50%, Стевчо Јакимовски ќе мора да ја полни гајбата при селење на својата канцеларија во општина Карпош.
Кој веруваше дека Лукровски може да победи во Карпош
Лукровски водеше по првиот круг, но фактот што во Карпош свои кандидати имаше и СДСМ но и Левица, а и еден добро позициониран независен кандидат, само најголемите оптимисти во ВМРО-ДПМНЕ му даваа шанса на Сотир Лукровски во вториот круг.
Еден од нив очигледно беше премиерот Христијан Мицкоски кој поголемиот дел од ресурсите, а може да се рече и сите со кои партијата располага во главниот град ги пренасочи кон општина Карпош.

Од каде дојдоа гласовите на Лукровски
Па така меѓу двата круга Лукровски успеа да извлече над 3.330 гласа и тоа од базенот гласови на своите традиционални противници.
Ако се знае дека Левица е во традиционално пријателство во Јакимовски, тогаш за да го дополни своето конто на Лукровски му требаат или гласовите на независната кандидатка од првиот круг или пак оние на СДСМ. Имајќи предвид дека Лукровски во вториот круг своето конто го зголеми за преку 3.330 гласа а независната кандидатка имаше под 2700, извесно е дека некој од останатите гласачи на СДСМ и Левица гласале за него, особено ако се знае дека излезноста во вториот круг се намали на 50% од оние 52% во првиот круг.
Волкот сит, овците на број
За победата на Сотир Лукровски можеби жртва беше Орце Ѓорѓиевски кој реално имаше помалку гласови од реалниот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, но и тој и Лукровски по вториот круг станаа градоначалници, што е и целта на изборите, па така и волкот сит и овците на број