Како се прави запршка – многу домаќинки не го знаат најдобриот трик

Иако денес запршките се помалку се употребуваат или се сведуваат на минимум, многу јадења и понатаму се незамисливи без нив, бидејќи допринесуваат за густина, а состојките во јадењата подобро да се поврзат.

Запршката се подготвува така што во тава се загрева одредена количина масло и се додава одмерена количина брашно.

Кога брашното ќе почне да се пржи, запршката почнува да се пени.

За бела запршка брашното не треба долго да се пржи, за брашното да остане бело.

За обични јадења, запршката се пржи додека не порумени, а потоа треба внимателно да се разреди со ладна течност за да не се создадат грутки. Течноста се додава по малку, со непрестано мешање, со додека не се добие лесна каша која ќе се разредува до саканата густина.

Може да се употреби и врела течност, но во тој случај мора побрзо да се меша.

Запршката треба да се готви најмалку 20 минути, а за крем чорба и макала дури и до половина час, за да не се чувствува мирисот на сирово брашно.

Количината на запршката зависи од видот на јадењето.

06.08.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега