Како од австрискиот бар на Алпите коронавирусот се прошири низ Европа; Англискиот нулта пациент објасни се

Таканаречениот нулта пациент во Велика Британија се инфицирал со коронавирус во „Ибици Алпа“, австриски скијачки центар, тврдат повеќе британски медиуми.

Британските медиуми сметаат дека Ишгл е место кое допринело за ширење на коронавирусот ширум Европа.

Нулта пациентот, Дарен Бланд, се инфицирал во Ишгл, стои на насловната страна на Дејли Меил.

Станува збор за 50-годишен ИТ експерт од Сасекс, кој со пријателите од Данска и САД престојувал во Ишгл во средината на јануари.

Се верува дека таму се заразил, а по враќањето во Англија ја инфицирал и сопругата Сара и децата.

И неговите пријатели, двајца Данци и еден Американец, се инфицирале за време на скијањето.

Бланд рекол дека бил гостин во барот „Киклох“ кој се наоѓа во центарот на светското внимание, затоа што во тој локал се инфицирале стотина Скандинавци.

Семејството Бланд не било тестирано на коронавирус, а сите симпотми покажуваат дека тој бил нулта пациентот, наведуваат медиумите укажувајќи дека во Велика Британија во меѓувреме повеќе од 9.500 лица се заразиле и над 460 лица починале од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега