Како гласаа пратениците за кои беа отворени предмети?

Најголем дел од пратениците кои беа дел од случаите на СЈО не гласаа за Законот за Јавно обвинителство.

Од оние за кои СЈО отвори предмети, само пратениците од ДУИ и од ДПА, Ејуп Алими и Мендух Тачи гласаа „за“.

На Алими му се суди во случајот „Титаник 3“, а на Тачи е неправосилно осуден во „Титаник 2“.

За Законот за ЈО не гласаа ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, Илија Димовски и  Антонијо Милошовски. Рангелова е обвинета за случајот „Шамарите во општина Центар“, Димовски во „Титаник“, а Мишолоски во „Моќник“.

Во поништеното гласање во кое го немаше двотретинското мнозинство гласаа 74 пратеници „за“ и 32 „против“. Гласањето беше поништено оти пратеничката Лилјана Поповска во исто време побарала процедурално.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега