Како да се заштите од труење: Кое месо колку време може да стои во фрижидер?

Во ек на летото и топлото време шансата за труење е храна е поголема, а често причина за тоа може да биде месото. Неговото складирање често носи многу прашања.

Секој вид на месо има рок на траење откако ќе го складирате во фрижидер или во замрзнувач.

Живина

Свежото пилешко или мисиркино месо во фрижидер може да седи еден до два дена, но во замрзнувач на температура од -18 степени можете да го чувате и до една година.

Зготвеното пилешко месо мора да се изеде најдоцна следниот ден.

Црвено месо

Во фрижидер црвеното месо може да стои до максимум пет дена. Но доколку го замрзнете негиот рок на траеше може да биде од 4 до 12 месеци. Доколку го зготвите и складирате во обичен фрижидер, тоа може да биде безопасно до три дена, додека во замрзнувач неговиот век може да се продолжи до шест месеци.

Мелено месо

Мелото месо, пак, во обичен фрижидер трае до два дена, но доколку го замрзнете тоа може да трае и до четири месеци.

Сланина, колбаси и сувомесни производи

Сланината и сувомеснатите производи е најдбро да ги изедете во рок од една недела. Свежите колбасите траат до два дена, а димените околу пет. Смрзнатите може да бидат безопасни за јадење и до два месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега