Како да ги ублажите лошите последици од долгото седење?

Дури ни најдобрите столици не можат да го спрeчат негативното дејство од долготрајното седење, но тоа не значи дека морате да бидете осудени на неправилно држење…

Променете ја положбата

Најголем проблем кај предолгото седење не е самиот факт дека долго седиме, туку дека поминуваме премногу време во иста положба. Голем притисок се создава на вратот и долниот дел од грбот, а бидејќи телото има способност за прилагодување, честа последица е неправилното држење, односно неправилниот став. Менувајте ја положбата на секои десетина минути, а особено избегнувајте ги прекрстените нозе. Доколку имате обичај да се потпрете на столот, обидете се да седнете на средината на столот за мускулите да бидат тие кои му овозможуваат потпора на вашето тело, а не столот.

Направете пауза

Предолгото гледање во екранот предизвикува напрегнување на очите, што секако негативно се одразува на вашиот вид. На секој половина час поминати пред компјутерот одделете неколку минути за да ги одморите очите па така искористете ја шансата да се истегнете и прошетате. Ако можеби овој предлог звучи претерано, бидете свесни дека и најмалата активност го спречува штетното дејство на предолгото гледање во мониторот. Ако заборавате, активирајте потсетник на мобилниот телефон.

Излезете надвор

Дури ни најдобрата столица не може да го спречи негативното дејство на долготрајното седење, но постојат многу начини да ги опуштите напнатите мускули, да ги зајакнете, и да ја подобрите циркулацијата. На вас ви останува да одлучите кој вид на физички активности сакате да го практикувате – обично се препорачуваат јога или пилатес, а дури десет минути изведување на одредени вежби секако дека се подобра опција од занемарувањето на физичките активности во целост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега