Како да ги исчистите белите патики - со овој трик ќе изгледаат како да се нови

Со завршувањето на сезоната на снегови, дождови и извалкани чизми, доаѓа времето кога со задоволство ги облекуваме белите патики.

Тие се омилените обувки на многумина, бидејќи можат да бидат составен дел на секоја комбинација.

Сепак не можеме да заборавиме дека, за жал, и тие многу лесно се валкаат.

Следните трикови ќе ви помогнат лесно и едноставно да ги исчистите белите патики, за тие да блескаат како нови.

1. Користете бел лак за нокти за да ги покриете гребаниците

Лесно натапкајте бел лак за нокти и внимавајте да биде доволно густ.

2. Користете шампон и детергент

Одејќи по улица, голема е веројатноста да нагазнете масло од автомобилите. За да ја отстраните маснотијата користете четка на која ќе ставите шампон или детергент за миење садови.

3. Користете четка за заби кога станува збор за дамки

Натопете ја дамката со топла вода, додајте сапун и тријте со четка додека не исчезне.

4. Користете влажни марамчиња, варикина или оцет за да ги отстраните дамките

Земете чиста крпа, натопете ја со оцет и нежно протријте ја дамката.

5. Перете ги рачно

Перете ги со топла вода и сушете ги на собна температура.

6. Памучна крпа

Доколку сакате вашите патики побрзо да се исушат, протријте ги со памучна крпа, исклучиво во бела боја.

7. Не ги оставајте на директна сончева светлина

UV зраците може да им наштетат или да придонесат за промена на нивната боја.

8. Никогаш не ги ставајте во машина за перење

Превртувањето не им годи на патиките, иако станува збор за само 30 степени. Тоа брзо ќе ги уништи вашите патики, а може да дојде и до промена на бојата и попуштање на лепакот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега