Како бомба одекна веста дека се разведе - Коки сега тајно се прежени

Како бомба одекна веста за разводот на македонскиот музичар Коки Јанков, со веќе поранешната сопруга Росана, по што се појави и веста дека се смирил со поранешната девојка, а Коки веќе и тајно се оженил.

Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а извесен период по разделбата од Росана, почнале да живеат заедно, како што и потврди за Ексккузив.

ТВ магазин „Бекстејџ“ има нешто ептен тазе кога е во прашање љубовниот живот на Коки Јанков. Во најавата за емисијата стои наслов дека Коки тајно се оженил по вторпат, a деталите за неговиот нов брак, како и коментар од првата сопруга, најавуваат наскоро.

Инаку, на профилот на социјалната мрежа Фејсбук, љубовниот статус на Коки е дека е во брак, со што дополнително се потврдува дека музичарот е во функционална брачна заедница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега