Кајмакоски во болница, пријавил дека поранешната сопруга му ставила дрога во кафето

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза откако му се слошило по средба со поранешната сопруга. Таа му дала кафе, а Кајмакоски се сомнева дека во неа имало дрога, јавува „А1он“.

МВР објави дека 38-годишник (Д.К) бил примен во болница и оти работи на расчистување на случајот.

-Вчера во 13,00 часот во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи, појаснуваат од МВР.

Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изјава за „А1он“  поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска рекла дека не сака да ги коментир обвинувањата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2021 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега