Кај нив била пронајдена дрога - уапсени три лица во Скопје

Тројца скопјани и еден кумановец биле уапсени откако при претрес кај нив била пронајдена дрога.

Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода 20-годишниот Г.Р. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Перо Наков“, ги лишиле од слобода 27-годишниот М.Д. и 22-годишниот А.Ш., двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Истата вечер во 23:15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 20-годишниот М.Ќ. од Куманово и Л.И.(20) од село Оризари, општина Липково, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега