Каевски: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати назад државата

Претседателот на унијата на млади на СДСМ, Дарко Каевски во вечерашното гостување во „КликПлус“ на ТВ 21 рече дека грешките на ВМРО-ДПМНЕ и во оваа техничка влада, ја загрозуваат евро-атлантската иднина на земјава.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која што сака да ја врати назад државата. Како дел од оваа техничка влада направи толку големи грешки што за момент ја загрози иднината на нашата држава. Постоеја опасности во кои можеа да не вратат многу чекори назад и да добиеме повторно вето од соседите, откако на маса беше ставено повторно раскарување со Бугарија, Грција и со други европски држави кои го поздравуваа нашиот напредок и не охрабруваа да продолжимепо тој пат, вели Каевски.

Тој додаде дека младите во ВМРО-ДПМНЕ не може да просперираат, поради тоа што опозицијата има сериозен „багаж“ од луѓе против кои се водат постапки.

„И тие ќе бидат ставени на листите, и мислат дека ќе се спасат од одговорност, но нема да биде така“, рече Каевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа