Каевски: Убиство, запалено кафуле, тепан полицаец, некадарност на ДПМНЕ или вмешување во бизнисот со дрога?

Портпаролот на владејачката СДСМ, Дарко Каевски ги обвини техничкиот министер за внатрешни работи за некадарни по вчерашното убиство и пожарот во кафулето „Барон“.

-Според првичните информации од медиумите станува збор за криминална пресметка на лица од подземјето. Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР.

ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот. Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, вели Каевски.

Според него, овој случај открива и подлабоки сомневања.

-Само пред неколку дена обезбедување на Мицкоски тепаше полицаец пред познат скопски локал попречувајќи полициска акција против дрога. Се уште нема одговори во јавноста која беше улогата на обезбедувањето на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога? Денеска Ковачки нема да излезе пред МВР и нема да побара одговорност од Тошковски. Денеска ДПМНЕ нема да излезе во јавноста со обвинување за него дека ја направил Македонија како Колумбија во 90-тите. Но, вистинското прашање јавно го поставуваме. Дали е само неспособност на кадрите на Мицкоски во МВР или структури блиски на ДПМНЕ се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизниси со дрога?, вели Каевски.

 

27.02.2024 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега