Кадрија: Со четвртиот пакет економски мерки, Владата докажа дека е посветена

Владата состави многу ефикасна четврта група мерки со вкупна вредност од 400 милиони евра за поддршка на мали и средни бизниси и за заштита на работните места на граѓаните. Ова денеска на прес-конференција соопшти Бајрам Кадрија во име на пратеничката група на ДУИ.

Тој посочи дека албанската бизнис заедница, која се состои главно од мали и средни бизниси, и затоа ќе има корист од овој четврт пакет економски мерки.

-Нашиот кадар во Владата ги стави на располагање сите професионални познавања во областа на економијата и финансиите во изготвување на овие мерки. Исто така имаше и постојана комуникација со бизнис заедницата во нашата земја за да се запознаат со сите нивни прашања и потреби со цел Владата да усвои страетешки план кој ќе поддржи економијата и граѓаните, рече Кадрија во Собранието.

Со овој четврт пакет економски мерки, како што рече, Владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја во време на криза и да обезбеди социоекономски напредок, дури и во најтешката економска криза со која се бори целиот свет. Според него, овие мерки се избалансирани и прилагодени за да им помогнат на оние кои имаат најмногу потреба, малите и средните бизниси и граѓаните. Додаде дека Владата ја оправда довербата на гласачите и на Парламентот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега