Подгответе ги чадорите и топлата облека. Од крајот на денешниот ден, земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат значителна промена на времето, токму во деновите пред католичкиот Божиќ. Според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе се задржи во текот на наредните два дена, на 24 и 25 декември 2025 година.

Дожд и снег – значителни количини

Врнежите нема да бидат занемарливи. На некои места се очекуваат пообилни количини на воден талог, кои може да надминат 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а љубителите на зимските спортови можат да очекуваат формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. На повисоките места, поради спуштање на постуден воздух од север, дождот ќе преминува во снег, што може да ги отежне условите за возење.

Прогноза за Скопје

Главниот град нема да биде поштеден. Во Скопје врнежите ќе започнат кон крајот на денешниот ден. Во среда и четврток се очекува облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат со поголем интензитет.

Кога се враќа сонцето?

Метеоролозите најавуваат смирување на атмосферата и стабилизирање на времето од петок. Сè до тогаш се препорачува внимателно возење поради влажните и лизгави коловози.

Exit mobile version