Каде исчезна соптугата на Ким- со месеци никој ја нема видено а веќе се појавија три теории за нејзината судбина

Од јануари годинава, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, Ри Сол-ју, не е видена во јавноста.

Ова предизвика многу гласини, вклучително и шпекулации дека диктаторот тајно ја погубил.

Медиумите не веруваат дека вистината е толку мрачна и ги презентираат трите најприфатливи теории.

Според едно толкување, Ри Сол-Ју има здравствени проблеми или некој од нејзиното семејство. Тетката на Ким (74) се смета за болна, а можно е првата дама да се грижи за неа.

Ри последен пат беше видена во јавноста на 21 јануари на свечен концерт во Пјонгјанг за да ја прослави лунарната Нова година, а Ким Кјунг-хи, која веќе шест години не се појави никаде, им се придружи на нејзиниот внук и неговата сопруга. Во 2013 година беше објавено дека нејзиниот сопруг Џанг Сон-тек беше погубен по наредба на водачот поради корупција и предавство

Гласините говорат дека Ким Јонг-ун го убил својот тетин со противвоздушно оружје. После тоа, тој се погрижи најстарата личност во семејството, ќерката на основачот на Демократска народна Република Кореја, Ким Ил-сунг и сестрата на Ким Јонг-ил, да ја имаат потребната грижа. Затоа утврдил дека неговата сопруга ќе се грижи за неа, верувајќи дека тоа ќе биде најдобриот доказ за неговата наклонетост.

Според друга теорија, поранешната пејачка Ри се посветила на образованието на нивната ќерка, за која се шпекулира дека е родена во 2013 година. Американскиот кошаркар Денис Родман изјави дека држил дете во рацете и го викал по име Џу Е. Теоретски, девојчето треба да оди оваа година на училиште, но можно е таа да се образува дома, а нејзината мајка да и помага и да ја подготви за улогата на ќерка на владетелот.

На крајот, можно е таа да не сака да се појави поради страв од коронавирусот, што може да го загрози здравјето на децата, од кои, според непотврдени извештаи, парот има три, а најмалото е родено во 2017 година.

Треба да се спомене – пред околу една година постоеше слична теорија за Ри, откако четири месеци не беше видена во јавноста, а потоа луѓето шпекулираа дека таа можеби се породила.

На почетокот на оваа година, медиумите широко известуваа за мистериозното исчезнување на Ким Јонг-ун и кружеа теории дека тој е болен, па дури и дека починал, и дека бил заменет со неговиот двојник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега