Кацарска: Многу луѓе ми честитаат за пресудата за 27. април

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека немала ниту трошка сомнеж дека обвинетите за предметот за 27 април се виновни за делото за кое се товареа.

-Но, бидете сигурни дека не е лесно да се одреди казна затвор, без разлика колку е висока. За секоја пресуда се раководам исклучиво од доказите, секогаш ги анализирам сите докази. За тоа дека казните се драконски, многу лесно се дава таква изјава, но за да кажете дали некој казна е драконска или не, пред себе треба да го имате целиот предмет и сите докази. Треба да се цени фактот дека најниската казна за тоа дело е 10 години. Досега никој не ми рекол дека сум ги затворила патриотите, а терористите слободно се шетаат. Многу луѓе ми приоѓаат и ми честитаат за донесената пресуда, рече Кацарска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега