Кацарска: Абдулфета Алими не е осуден оти е Албанец

Абдулфета Алими не е осуден оти е Албанец, рече судијката Добрила Кацарска во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашана за свој став по реакциите од  одредени политички партии дека Алими, учесник во случувањата во собранието на 27 април, е осуден оти бил Албанец.

„Во моја судница, таму каде што јас судам, за мене сите се граѓани на Република Северна Македонија. Невини до моментот додека не  донесам пресуда. Невини за мене, велам. А, во Државата се невини додека не добијат правосилна пресуда. Што значи, да нема дилема, Абдулфета Алими, во никој случај не е осуден оти е Албанец. Точно е дека истиот допринесе многу за спасување на животот на господинот Зијадин Села. Тоа е неспорен факт. И токму затоа истиот доби најблага казна од сите. Но, Абдулфета Алими е полициски службеник, кој што на снимките го гледаме, пред да бидат отворени вратите на Собранието, како во рака ги држи клучевите и како ги дава клучевите. Но, не само тука, “, вели Кацарска. Абдулфета Алими го гледаме и пред сала-3, каде што се тепани пратеници, новинари, полициски службеници. Истиот не презема ништо за да помогне на тие што се нападнати“, вели судијката Кацарска.

Кацарска посочи и дека Алими, како и други присутни најпрвин направиле кривичното дело, а потоа помагале на повредени лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега