Главиот град на Авганистан, Кабул, е поприште на незапамтена трагедија откако пакистанските воздухопловни сили извршија напад врз болница, оставајќи зад себе стотици жртви. Сликите од теренот се ужасни – урнатини, чад и медицински персонал кој очајнички се обидува да ги спаси преживеаните под остатоците од објектот.

Според првичните информации, болницата била преполна со пациенти во моментот на нападот, што резултирало со огромна бројка на настрадани, меѓу кои голем број се жени и деца.

Официјален Исламабад сè уште нема дадено детално образложение за целта на овој напад, додека авганистанските власти го карактеризираат чинот како „злосторство против човештвото“.

„Ова е брутален напад врз невини луѓе кои барале медицинска помош. Болницата е целосно уништена, а бројот на загинати постојано расте“, пренесуваат локалните извори од Кабул.

Меѓународните хуманитарни организации алармираат дека здравствениот систем во Кабул е пред колапс и бараат итен прекин на огнот за да се овозможи евакуација на ранетите. Овој инцидент се заканува дополнително да ги разгори веќе затегнатите односи меѓу Пакистан и Авганистан, со потенцијал да предизвика поширок регионален конфликт.

Exit mobile version