Кабинет на Иванов: Очајни се обидите за вмешување на Претседателот во настаните од 27 април

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла континуираните и очајни обиди за вмешување на Претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година, се вели во соопштението испратено до медиумите.

„Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба.

Сметаме дека последното посочување на Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, г. Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година, е уште еден во низата очајни обиди за конструирање на сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и лично на Претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година.“ - велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Comments System WIDGET PACK

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега