Југот на Грција во пламен, евакуирани се стотици луѓе (ВИДЕО)

 

Југот на Грција се бори со пожари. Уништени се куќи, шуми, а евакуирани се стотици луѓе.

Во населбата Кенреи во близина на Коринт на терен има 236 пожарникари кои се опремени со 54 возила, шест хеликоптери и четири авиони. Нема податоци за евентуални жртви.

Противпожарните служби евакуираа стотици жители на селото Атики, како и деца од летен камп во близина и неколку други стамбени подрачја.

Локалните медиуми пишуваат дека се појавиле уште пет пожари на југот и во други делови на Грција.

За едно деноќие имало 57 пожари во земјата. На 12 јуни имаше пожар во Грција, близу Света Гора, но манастирите не настрадаа.

Во јули 2018-та година Грција ја зафати еден од најкатастрофалните пожари во својата историја – тогаш изгоре летувалиштето Мати и други подрачја источно од Атина, а во пожарите настрадаа 102 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега