Југот на Америка се подготвува за најлошото: Њу Орлеанс веќе поплавен, бурата се претвара во ураган и полека се доближува (ВИДЕО)

Тропската бура која се формира над Мексиканскиот Залив би можела да прерасне во ураган и да го погоди Њу Орлеанс кој е веќе поплавен.

Метеоролозите велат дека бурата би можела да премине во ураган до крајот на денот, а просечната брзина на ветрот е околу 55 киломери на час.

Според прогнозите, денеска и утре во западниот дел на Тексас и во Луизијана се очекува да наврнат меѓу 25 и 30 сантиметри дожд.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен „Бери”, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи.

Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега