ЈСП со важна информација за сите оние кои утре ќе се возат со автобус

Јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради државниот празник Св.Климент Охридски, кој е неработен ден.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе  биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП „Скопје“ потсетуваат дека и натаму не сообраќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата. Сѐ уште времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега