ЈСП Скопје преку соопштение ги информира корисниците на билети за возрасни лица од „старосна група – над 62/64 години“, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација.

Како што велат, заверката започнала од 15.12.2025 година.

„Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани“, велат од ЈСП.

Exit mobile version