ЈСП Скопје за нападот на студентот: Единствено, разликуваме патници со уредно валидиран билет и патници без билет

ЈСП Скопје категорично ги отфрла обвинувањата за дискриминација по етничка основа во случајот со студентот Сирхан Усеин и двајца контролори, што се случил на 9.02.2020 година во 10:45 часот во автобусот на линија 45 и порачува дека за нив сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус, а единствено разликуваат патници со уредно валидиран билет и патници без билет.

-Сакаме да ве информираме дека студентот го пријави случајот во ЈСП Скопје дури денеска, вторник (11.02.202 год) и тоа по наше барање. Даде и пиша изјава со која сам потврдува дека не станува збор за етничка дискриминација, во ниту еден момент не бил навреден со погрдни зборови на етничка база. Изјава дадоа и двајцата контролори, при што категорично ги отфрлаат шпекулациите за дискриминација. Случајот се процесуира и ќе се преземат соодветни мерки, соопшти ЈСП Скопје.

Сакаме да веруваме, се вели во соопштението, дека овој случај нема да се злоупотреби за дневно политички цели и подгревање на страстите кај одредена етничка група граѓани.

-Се надеваме дека во иднина медиумите нема да пласираат само еднострани информации, преземи од социјалните мрежи, туку изворно ќе се информираат за случајот, а во интерес на професионалното информирање ќе побараат изјава и од ЈСП Скопје. Напоменуваме дека за ЈСП Скопје сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус. Единствено, разликуваме патници со уредно валидиран билет и патници без билет, потенцираат од ЈСП Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега