ЈСП го суспендира возачот кој крвнички претепал патник во автобус

ЈСП Скопје реагираше по вестите дека возач на автобус на линија 24 претепал патник.

„Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот“, велат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието соопштија дека е изготвено решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.

 

20.07.2022 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега