ЈСП го објави распоредот за автобуски превоз за време на продолжениот викенд

JСП Скопје ги информира граѓаните дека во сабота, (1 мај) јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаен возен ред, без временски ограничувања.

Во останатите денови од претстојниот, продолжен празничен викенд, односно во петок, недела и понеделник, автобусите ќе сообраќаат до 21 часот по неделен возен ред.

Во сабота и недела (2 мај), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Во петок (30 април) и понеделник (3 мај), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП потсетуваат дека граѓаните можат да набават билети за возење и на 100 локации од секундарната продажна мрежа (трафики, маркети, тобака).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 11:41
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега