ЈП „Комунална хигиена“ ги дезинфицира улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата на мерки која Градот Скопје и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на корона вирусот.

Во спроведувањето на денешната акцијата се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Воедно, во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

- Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот ковид-19, со цел  хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега