Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази

 

Јавното обвинителство работи на расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница.

Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, изјави дека се обезбедуваат сите докази со кои ќе се открие која е причината за згаснување на младиот живот.

„Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето, резултатите од обдукцијата сè уште не се добиени. ЈО работи и на други докази од повеќе лица, кои може да помогнат во расветлување на случајот“, изјави Јовески.

Смртта на 6-годишното девојче ги крена на нозе македонските граѓани, кои вчера излегоа на протест преку кој го искажаа својот револт за немилиот настан.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, каде што почина петгодишната Јана Христовска. Здравствените инспектори констатирале дека на девојчето му била дадена гликоза заедно со физиолошкиот раствор, но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите што го третирале девојчето. Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници што го третирале детето.

30.03.2023 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега