Јовески за апсењето на Боки 13: Aко има докази и за други лица ќе биде покрената постапка

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со случајот што вчера го отвори ОЈО против Боки 13, најави проширување и за други лица доколку бидат обезбедени докази.

- Обвинителството е определено неселективно да ги гони сите лица за кои во постапката ќе докаже дека строриле кривично дело. Ве уверувам дека доколку во истрагата Обвинителството обезбеди докази и инволвораност на други лица и против нив ќе биде и против нив ќе биде покрената соодветна постапка, рече тој, пренесе Пресингтв.

Инаку, на Боки му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега