Јовески: Во овој момент нема законски основи за судење онлајн

Во овој момент нема законски основи за судење онлајн смета државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Во интервју за ТВ 24, Јовески истакна дека претходно во Основниот суд Кавадарци, обвинителството покажа дека може да учествува во онлајн судења, но во овој случај се работеше за мал број обвинети и за лесни кривична дела, каде  имаше согласност и од обвинетиот.

– За овие високо профилни кривични дела сегашното законодавство не обезбедува основи да се судат на тој начин. Поради тоа е непходно измена на процесното законодавство, односно потенцирам дека овој закон се носи со двотретинско мнозинство во Собранието. Има законска група која работи на новиот Закон за кривична постапка, не знам дали овие нови моменти ќе ги вгради законското решение. Не сум сигурен дали може одредени прашања да се регулират со подзаконски акти бидејќи кривичната постапка мора да ги обезбеди правата на обвинетиот, изјави јавниот обвинител Јовески.

Како дилема на остварување на онлајн судења тој ги постави прашања како би го одржал редот во судницата претседателот на кривичниот совет, како обвинетиот би се вклучил во онлајн судење во одреден период.

– Има многу отворени прашања што во овој момент ниту се надминати, ниту со примена на постојниве решенија може да се разрешат. Како ќе се осигураме дека во просторијата каде е сведокот нема и други лица кој што можат да му сугерират за одредени прашања, истакна Јовески.

Прашањето за онлајн судењата во државата се актуализираше од кога низа обвинети во судските постапки отворени од поранешното СЈО, беа позитивни на Ковид-19 и од овие причини дојде до одложување на рочиштата. Изминатиот период освен министерот за правда Бојан Маричиќ, кој рече дека треба да има онлајн судење, свој став имаше и првиот човек на Судскиот Совет, Киро Здравев, кој наведе дека дискутират за одржување на онлајн судења.

Освен законските пречки за одржување на онлајн судења, друг проблем со кој се соочуваат судовите ако веќе се создават услови за ваков начин на судење е фактот дека поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за вакви постапки. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега