Јовески- Ивановска: Заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска.

Заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата, е темата на која било разговарано на средбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република  Македонија.

Договорена била и континуирана комуникација и координација на иницијативите кои ДКСК ги поднесува до Јавното обвинителство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега