Јовановски: Во време на криза Стојковски троши 600.000 евра за непродуктивни трошоци

Поминаа 10 месеци откако Стојкоски  седна во градоначалничката фотелја. 10 месеци неспособност и партиски интереси наместо развој на општината и решавање на проблемите на ѓорчепетровци, вели претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, Кристијан Јовановски.
 
Јовановски кажа дека има два документи кои покажуваат дека ДПМНЕ и Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт.
 
„Ова е одлуката со која Стојкоски ги задолжи жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра, а ова е одлуката за 7 нови партиски вработувања. За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена, а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања. Почитувани, Градоначалникот Стојкоски е Доктро по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината“, кажа Јовановски.
11.08.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа