Јовановски од притвор го одби Заев: Не сум виновен за да барам милост

 

Актерот Владо Јовановски го одби предлогот на премиерот Заев за амнестија за 27 април. Јовановски кој е еден од обвинетите за тероризам во случајот со настаните од 27 април, преку социјалните мрежи на премиерот му порача дека милост бараат само оние кои се виновни.

Милост може да бара само тој, кој што е виновен...
Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!
Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..

"..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа.."!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! - напиша Јовановски на социјалните мрежи. Актерот еден период помина во истражниот затвор за подоцна, да биде префрлен во домшен притвор каде што се наоѓа како што пишува година дена.

 

 

 

 

15.10.2018 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега