Јовановска: 1,3 милијарди денари преку Агенцијата за вработување се насочени кон граѓаните

ПЕП 21 како дел од Колицијата и Владата предводена од СДСМ е на правиот пат, на прав пат е државата, но оваа масовност покажува дека и Свети Николе е на правиот пат. Она што е заложба на оваа Коалиција и сите партии во неа е да бидеме меѓу граѓаните и да ви служиме, вам граѓаните, порача претседателката на Партијата за економски промени ПЕП 21 Билјана Јовановска пред граѓаните на Свети Николе на граѓанската трибина „На прав пат“. 
 
Таа посочи и дека сите мерки и политики кои се креираат се во насока на интересот  на граѓаните. Институциите со кои раководиме, се ваши институции ,од кои вие граѓаните треба да имате придобивки, заклучи Јовановска.
 
Дека оваа Влада е на прав пат го потврдуваат реализираните мерки и бројки. 11 илјади семејства на стечајни работници за само две години оваа Влада предводена од СДСМ успеа да ги обештети  со 25 милиони евра, а парите сега ги добиваат во првите 5 дена од месецот, истакна Јовановска.
 
Таа посочи и на други мерки со кој Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за сите граѓани. Како што се 8 милиони евра уплатени на сметките на претприемачите , на нови млади бизниси, каде над 40 отсто се млади луѓе до 29 години. Потоа, субвенционирање на 1.400 нови работни места за најранливите категории, со што 780 компании ги отворија вратите за нив. 1 милијарда и 300 милиони денари  од буџетот на Агенцијата за вработување, на државата беа насочени токму кон Вас граѓаните, затоа што тоа се ваши пари, порача Јовановска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега