Јовановиќ: Во сиромаштија живеат 455 илјади граѓани, платежните картички не ги решаваат проблемите

Бројката од 324.000 граѓани на кои Владата ќе им додели платежни картички претставува поразителна статистика, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој е поранешен советник во Министерството за финансии.

Според него, на ваков начин на граѓаните им се даваат, како што вели, трошки наместо системски да се решаваат проблемите.

 

-Дефинитивно е поразителна статистиката, со тоа што мислам дека бројките се уште полоши од ова, бидејќи во оваа бројка не се влезени и пензионерите. Голем дел од пензионерите, веројатно една половина, односно 150.000 имаат пензии кои се помали од 15.000 денари. Официјалната стапка на сиромаштија во државата е околу 22 проценти, односно 455.000 кај нас живеат во релативна сиромаштија, а според Светска банка, апсолутната сиромаштија во земјава изнесува 110.000, односно толку граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден – изјави тој во ТВ 21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа