Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание (НС), изјави пред новинарите во Пазарџик бугарската претседателка Илијана Јотова, одговарајќи на прашање во врска со подготовката на новиот собраниски деловник.

– Кога ќе се тргне кон таква реформа, секогаш има доста сили кои се против и на некој начин сакаат работите да останат по старо – забележа таа – додавајќи дека лично е приврзаник на похрабри акции во тој поглед.

Јотова потенцираше дека со години наназад Народното собрание, како клучен орган во една парламентарна република, има загрижувачки низок процент на доверба и одобрување од јавноста. Според неа, клучно е парламентот да биде место за разговор, дискусии и дебати, но истовремено да служи за контрола и за носење одлуки.

– Ако овој деловник го гарантира тоа, а јас во предлозите гледам дека го гарантира, оваа институција, според мое мислење, ќе работи многу подобро – истакна бугарската потпретседателка.

Пратениците од привремената комисија за деловникот за работа на Народното собрание веќе неколку дена расправаат за измените во начинот на кој ќе функционира бугарскиот парламент, а нивното последно заседание се одржа вчера.

Exit mobile version