ЈО објави што се случило со починатиот мигрант во Гевгелија

 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место во близина на македонско-грчката граница, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на мигрант.

„Смртта на мигрантот ја пријавиле група други мигранти, според чии тврдења сега покојниот заедно со уште две лица им наплаќале по 800 евра за да ги пренесат од Република Грција во земјава, а потоа со товарен воз кон границата со Република Србија. Кога ја поминале македонско-грчката граница, кај граничниот камен 53, тројцата организатори се скарале меѓусебе при што едниот извадил остар предмет и му задал убод на оштетениот. По ова, дел од мигрантите и напаѓачот избегале од лице место, додека неколкумина останале и се обиделе да му помогнат на оштетениот кој набрзо починал“, објави Јавното обвинителство.

Кај починатиот бил пронајден документ за престој во Република Грција чија веродостојност се утврдува, како и мобилен телефон кој е даден на вештачење.​

17.05.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега