„ЈК Травел“: Oва беше недоразбирање, туристите ќе спијат во хотелот

Неколку медиуми објавија дека Хотелот „Геракини Ситонија вилиџ“ на Халкидик, Грција, им го прекинал одморот на 12 семејства од Македонија поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која го уплатиле осумдневниот аранжман, по што следеше реакција од „ЈК Травел“.
 
„Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаа резервирано и уплатено.
Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање.
Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување.
 
Ова го тврдиме најодговорно.
 
Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во горе неведениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина.
 
ЈК Травел е агенција која постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење“, се вели во нивното соопштение.
03.08.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа