Прашан за мислење за иницијативите на пратениците за формирање анкетна комисија во Собранието за трагедијата во „Пулс“, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител ТВ порача дека „политиката да ги тргне рацете од оваа постапка затоа што се води судска постапка“.
Тој додаде дека лично смета дека во овој момент формирање на таква комисија не би било целисходно и потребно.
Лично мисли, рече, дека тоа не би било целисходно и потребно во овој момент, а по судската постапка може да се формира таква комисија за да се бара политичка одговорност.

