Јаулески со видео за децата на политичарите од власта и луксузот - СДСМ со осуда

Јован Јаулески, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на социјалните мрежи постави монтирано видео со фотографии и имиња на децата на функционери од власта, прикажувајќи дека тие живееле во луксуз додека граѓаните се бореле да сврзат крај со крај.

СДСм веднаш го осудија видеото, а воедно и нападот на синот на Гордана Силјановска Давкова.

– Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на  Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација. Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели – соопшти Александар Димитриевиќ, претседателот на СДММ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега