„Јас сум единствениот пациент во Крагуевац кој ја победи короната без лекови“ – младиот боксер го „нокаутираше“ вирусот

Младиот Паве Секуловиќ испратил моќна и емотивна порака до сите луѓе во светот.

Младиот Боксер, Паве Секуловиќ од Параќин, се вратил во Србија од Шведска, а дека е позитивен на коронавирусот утврдено било на 18-ти март.

Сега повеќе не покажува симптоми на опасната болест, а докторите од клиничкиот центар во Крагуевац се шокирани од брзнината на неговото закрепнување.

„Го победив коронавирусот и целосно сум здрав веќе со денови. Одржав ветување дека ќе ме памтите како ‘првиот излечен’, а не како ‘првиот заразен’ во Параќин. Затоа што закрепнав во рекордно време, докторите сè уште не смеат да ме тестираат затоа што потребно е да помине одредено време од првиот до вториот тест, па затоа за нив не сум ‘официјално здрав’. До повторното тестирање сè уште сум затворен во строг карантин во Крагуевац со останатите пациенти кои што се позитивни на коронавирусот.

Јас сум единствениот пациент во Крагуевац кој што ја победи короната без лекови и кој тренира во соба полна со болни лица секој ден“ – напишал тој на социјалната мрежа Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега