Јанушев: Заев покажа дека е “до гуша во кал” и со истата таа кал сака да ги извалка сите други

Човек кој губи и кој е исплашен од тоа дека ќе одговара изгледа како Зоран Заев. Заев покажа дека е “до гуша во кал” и со истата таа кал сака да ги извалка сите други.

Бидејќи неколкупати ме спомена во вчерашната дебата, да одговорам – колку и да сакате, колку и гласно да викате, колку и да сакаат разно разни “недоквакани пиарџии” со средношколска наобразба да ме извалкаат, треба да знаете не сме исти.

Не сме исти затоа што јас не сум амнестиран политичар како Заев, не работам по омилениот принцип “евро ваму, евро таму”, а и борбата ни е различна.

Вие сте криминално-рекетарска мафија која се бори за власт и пари, ние се бориме против криминалци како вас, за напредок на Македонија.

И знам дека сте нервозни, исплашени, треба да се одговара за злоделата, и во право сте – треба да бидете исплашен, зошто правдата доаѓа, тезите не ви проаѓаат, лагите ви се знаат.

Готов сте, а народот ќе се избори за обнова. Ова е крајот за Заев и цела една транзициска криминална ера во Македонија. Обновата доаѓа! Напиша на својот Фејсбук профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.02.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа