Јанушев: Задоцнетото апсење на Катица значи дека Заев ќе жртвува било кој да си ја спаси сопствената кожа

Тоа што апсењето на Катица Јанева е речиси 2 месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Зоран Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа. Ова на Фејсбук го напиша  генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Се повеќе сум сигурен дека „клопчето тек ќе се одмотува”! Пред некое време напишав дека на многумина од СДСМ им е тешко, голем дел признаваат дека вака не може, а помалиот дел ова го знаат, но гласно сеуште не го кажуваат. Кревајте раце пред да станете соучесници, бидејќи нема пора во Македонското општество што не е зафатена од криминално-рекетарскиот октопод на Зоран Заев!

За потсетување, Катица Јанева вчера беше спроведена во затворот Шутка, откако Кривичен и одреди 30. дневен притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега