Јанушев: ВМРО е мојот дом, битката продолжува

ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата – 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на МК на УМС до генерален секретар, така и ќе остане, напиша Игор Јанушев за кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера соопшти дека се повлекува од функцијата.

„Благодарност до сите со кои овие три години дишевме како едно.

Битката продолжува затоа што имаме незавршена работа. Ги повикувам сите на кои Македонија им е важна да се спротивстават на мафијата.

Претседателе членството е со вас, одиме до крај.

Се гледаме на протестите, улиците, се до конечна победа.

Да живее ВМРО, да е жива Македонија“, напиша Јанушев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега