Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме

Ви благодарам за посветеноста, несебичниот труд што го вложивте во оваа борба за Македонија. Благодарност до секој еден што го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме. Македонија гласно си ја искажа волјата.

Сајтот на Државната изборна комисија не работи, а гласовите сомнително се броени. Власта со поткуп освои многу гласови.

Но, и покрај сите нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ останува најголемата политичка сила во Македонија.

Да сте живи и здрави, да ни е вечна Македонија“, напиша Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега