Јанушев: Тргнуваме на терен, обновата пред вашиот дом, ќе кажеме дека Македонија има шанса

Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира. Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат со нозете во вис го поминуваат работното време. Безбедноста на граѓаните е доведена под знак прашалник, криминалци се препукува по улиците и за тоа никој не одговараше. Откуп за земјоделските култури нема, а кога има цената е мала. Болниците се како во хорор филм, а студентските домови се нефункционални, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Зоран Заев и СДСМ наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик.  Оваа власт ќе остане обележана по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, 35 милионскиот “крвав тендер” во здравството, сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, тендерите кои ги добиваше невенчаниот сопруг на Царовска, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Леонардо, Сар Хемс, Рекет 1, 2 и 3 и редица други криминални афери. Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. 1200 криминалци наместо во затвор се на улиците и секојдневно ги тероризираат граѓаните на Република Македонија. Ја клекнаа државата на колена. Ја убија надежта кај луѓето, истакна Јанушев.

Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, за ставање на државата на брза трака кон ЕУ. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна, потенцираше Јанушев

-Од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме.  Понатаму потсетувам дека сите ОК на ВМРО-ДПМНЕ се отворени секој ден од 18-21 часот и сите граѓани можат да дојдат и да ни се приклучат. Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен. Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“ , каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа. Тука сме до граѓаните. Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе, додава Јанушев.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, подвлече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега