Јанушев: СДСМ и Заев одат со глава во ѕид за одржување на изборите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во гостувањето на штипската ТВ Стар истакна дека не може да има избори во јуни зашто не може да се испочитуваат роковите. Според него, СДСМ и лидерот на партијата, Зоран Заев одат со глава во ѕид за одржување на изборите.

-И да е се во ред, да немаме заболени на ден  и починати не можат да се испочитуваат роковите за одржување на избори и затоа тврдам дека ова е одење со глава во ѕид од страна на СДСМ и Зоран Заев. Едноставно правно гледано организациски, технички е невозможно да се стигне да имаме избори 21 јуни или 28 јуни. Од друга страна ако сте се обврзале и дале збор дека ќе работиме на тоа да имаме датум со консензу , а притоа вашиот став е или 21 или не се договараме, тогаш не гледам каде е тука почитувањето на она што сте го дале како збор дека ќе гледаме да најдеме заеднички јазик, истакна Јанушев.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ предложи три датуми и дава простор за договарање за одржување на изборите.

Јанушев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори бидејќи ќе победи убедливо. СДСМ нека не се грижи за ВМРО-ДПМНЕ. Но ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека прва и основна цел е здравјето на граѓаните. При првиот момент кога корона вирусот ќе стивне и нема да биде закана за здравјето на граѓаните ќе има избори на кои ВМРО-ДПМНЕ  убедливо ќе победи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега