Јанушев од Зрновци: На 15 јули да ставиме крај на оваа власт која пали коли и уништува животи, да дадеме шанса на обновата

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДППМНЕ и носител на изборната единица 3 денеска оствари посета во општина Зрновци каде на средба со граѓаните, ги слушна нивните проблеми и понуди  решенија како дел од проектот „Обнова“. 

Но, она што го гледаме насекаде е дека на народот му е преку глава  од оваа криминално-рекетарска банда која што ја уништи државата, кое што го продаде најдрагоценото името, идентитетот, јазикот, целата историја. Да престанеме да ги гледаме овие криминалци, лажговци како рекетираат, како палат коли, како разговараат за 2,4,6,8 милиони евра. Да ставиме крај на разнебитувањето на македонската држава. Време е за обнова, посочи Јанушев.

Носителот на изборната единица 3 рече дека она што го нудат Заев и Љупчо Николовски е продолжување со целата агонија и свитканата кичма. ВМРО-ДПМНЕ  заедно со целиот тим на луѓе кој што го има ја носи обновата, ја носи разликата односно го носи се она што е добро за секој еден граѓанин. Јанушев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека заеднички во следните 4 години ќе ја обнови државата и дека ќе има повеќе за секого.

Денес овде од Зрновци порачуваме дека ќе одговараат за се лошо што направија во државата. Токму затоа и не сакаат и да прифатат Закон за потекло на имот на политичарите. Зошто не сакаат тоа да го прифатат? Поради тоа што ќе одговараат, поради тоа што знаат дека го лажеа и краде македонскиот народ, но 15 јули е за дестината дена од денеска. Народот доаѓа по своето, народот ја гледа разликата. Исправи се Македонијо. Обновата доаѓа, порача Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега