Јанушев: Обновата носи 20.000 евра грант за млад земјоделец

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 3 Игор Јанушев денеска е во посета на општина Лозово каде што оствари голем број на средби со граѓаните.

Јанушев истакна дека влада на ВМРО-ДПМНЕ и проектот Обновата на Македонија се обврзуваат да донесат подобар животен стандард за граѓани преку реализирање на мерки и проекти од кои најголема придобивка ќе имаат токму граѓаните.

Јанушев додаде дека проектот Обнова на Македонија ќе донесе повисоки плати за работниците, стабилни работни места и отворање на нови, 640 милиони евра за земјоделците и вреднување на трудот и маката на земјоделците, 80 милиони евра инвестирање во нови водоводни мрежи, 20.000 евра грантови за млади земјоделците, загарантиран откуп и пласман на земјоделските производи, покачување на пензиите на пензионерите за 20 проценти во четиригодишниот мандат, многу проекти за младите кои што ќе значат младите својата иднина да ја градат во Македонија.

Денеска бевме во посета на црквата ,,Св. Покров на Пресвета Богородица" и од врата на врата во посета на жителите во Каратманово.

Поделивме програма со над 1000 проекти и ги информиравме жителите за обновата која доаѓа. Заеднички ќе ја донесеме големата победа на 15 јули. Обновата Доаѓа, пишува Јанушев на официјалната страна на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега